ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Лидерот Скопје го доби дуелот со Дрита, Охрид со сигурна победа над Кораб

Денес стартуваше пролетната полусезона од Втората лига – Запад со натпреварите од 17. коло.

Охрид на „Билјанини Извори“ со сигурни 2:0 беше подобар од Кораб. Резултатот беше отворен во 24. минута преку пенал, а успешно реализираше Цуцули Ајрадин. Во вториот дел Охрид преку искусниот Реџепи Шериф во 67. минута зголеми на конечните 2:0.

Лидерот Скопје на домашен терен со 2:1 го доби дуелот со Дрита. Први до водство на „Железарница“ дојдоа домаќините во 13. минута со гол на Јаневски Филип. Пред крајот на првиот дел гостите преку Асани Шпенд израмнија на 1:1. На стартот од вториот дел Скопје веднаш постигна гол преку Кировски Христијан за водство од 2:1. До крајот на натпреварот мрежите мируваа.

Дуелот во Кичево меѓу Велазерими и Велешта заврши без победник со резултат од 0:0, а ист резултат имаше и на теренот во Кадино, меѓу домаќинот Кадино и Тетекс.

Мечот меѓу Вардар Форино и Гостивар не се одигра бидејќи домашната екипа не се појави на теренот, па Гостивар е пред службена победа од 0:3 и три бодови.

Целата табела од Втората лига – Запад погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!