ОстанатоФудбалФутсал

Лидерот Шкупи убедлив во Кавадарци против Црна Река

Лидерот во Првата футсал лига на Македонија Шкупи со сигурни 2:5 славеше на гостувањето во Кавадарци против Црна Река, во рамки на 11. коло.

Непоразениот лидер триумфот го најави уште во првиот дел од мечот кога имаше предност од 1:3.

Дарко Темелков уште во 6. минута ја донесе Црна Река во водство од 1:0, а потоа следуваше торпедирање на противничката мрежа на домаќините, откако капитенот на гостите Еркан Сефери во 10. и 11. минута стрелаше за пресврт и водство на Шкупи, а 60 секунди подоцна Зоран Левески погоди за 1:3 на полувреме.

Во вториот дел Левески со втор гол зголеми на високи 1:4, а пак голманот Иван Стојановски ја стресе мрежата на противникот за 1:5. Пред крајот на мечот Тони Гацев ги постави конечните 2:5.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!