ОстанатоФудбалФутсал

Лидерот Шкупи со „петарда“ за Железарец ја заврши есенската полусезона

Лидерот на табелата Шкупи со убедливи 5:0 го декласираше Железарец и со триумф ја заврши есенската полусезона во Првата футсал лига на Македонија.

Шкупи останува непоразен лидер во футсал елитата и со 12 од 12 и со максимални 36 освоени бодови ќе презими на врвот од табелата.

Мечот го одбележа и за жал насилничкото однесување односно меѓусебното удирање на Ненад Стојкоски и Еркан Шабани кои заработија директни црвени картони и беа исклучени од игра.

Голеадата ја започна Шабани уште во 3. минута од мечот, а три минути подоцна Бејтула Јакупи ја дуплираше предноста, а до крајот нап рвиот дел Иван Сотировски погоди за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел голгетерот ЗОран Левески и капитенот Арсим Фазлиу ги постави конечите 5:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!