ФудбалФутсал

Лидерот Шкупи против последнопласираниот Велес, Проект домаќин на Карадаку

Утре се отвара 15. коло од Првата македонска футсал лига со дуелот меѓу првопласираниот Шкупи и последнопласираниот Велес. Овој меч ќе се одигра во Чаир со почеток од 19:30 часот, а судиска двојка на овој натпревар ќе биде Дејан Младеновски и Дејан Димитријевиќ од Скопје.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Колото продолжува во сабота со мечот меѓу Црна Река и Јувентус Серава кој се игра во Кавадарци со почеток од 19:45 часот. Останатите три натпревари ќе се одиграат во недела. Со почеток од 14:00 часот шампионот Проект ќе го пречека Карадаку, во 18:00 часот во Струга ќе се соочат Енхалон и Арбен Бајрами, а колото ќе биде затворено со мечот меѓу Железарец и Шкендија кој ќе стартува во 20:00 часот.

Во однос на табелата Шкупи со 39 бодови е лидер, три помалку има второпласираниот Проект, следува Арбен Бајрами на третото место со 27 бодови, Железарец како четврт со 22 бодови, четири помалку има Карадаку кој е петти. На шестата позиција е Црна Река со 15 бодови, еден помалку има Јувентус Серава кој е седми, Енхалон со 11 бодови е осми, колку што има и деветтопласираната Шкендија, а на дното е Велес со 8 бодови.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!