ФудбалФутсал

Лидерот Проект со 17 погодоци го уништи Мал Ајакс

Лидерот Проект со 17:2 беше далеку подобар од Мал Ајакс, кој среде Штип немаше сили ниту на момент да го запре налетот на одличниот Проект, кој повторно застанува на врвот во Првата футсал лига.

Резултатот беше отворен во 3. минута со гол на Михајлов Александар, а една минута подоцна Тодоровски Мартин погоди за 2:0. Во 11. минута Крстевски Иван погоди за 3:0, а две минути подоцна Ранготов Дарко постигна гол за убедливо водство од 4:0. До крајот на првиот дел Проект постигна уште три погодоци за 7:0 на полувреме. Ранготов постигна уште два нови погодоци, додека Тородорвски постигна втор гол.

Вториот дел не донесе промени, Проект продолжи со одличната игра, а Мал Ајакс се распадна. На стартот од второ полувреме Ранготов постигна нов гол за 8:0, а капитенот Митков Слободан постигна гол за убедливи 9:0 во 24. минута. Три минути подоцна Ранготов повторно постигна гол за 10:0. Во 29. минута од мечот Тодоровски зголеми на 11:0, а со два нови погодоци за една минута Ранготов донесе 13:0. Крстевски во 34. минута постигна гол за 14:0. Ранготов во 37. минута ја погоди мрежата на штипјани за 15:0. Мал Ајакс постигна гол во 37. минута, а стрелец беше Лазов Игор. Во последната минута паднаа три гола. Ивановски Кирил погоди за 16:1, а Грбашлиев Лазе за 17:1. Конечните 17:2 ги постави Шиндев Благој.

Во следното 16. коло Проект ќе гостува во Липково каде ќе се соочи со Карадаку, додека Мал Ајакс ќе игра против Црна Река.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!