Лидерот Локомотива домаќин на Питу Гули, Братство на Динамо, Дојранско Езеро гостува кај Обршани

Во недела ќе бидат одиграни натпревари од 21. коло од Третата лига – Југозапад. Екипата на Илиден БС по два неодиграни натпревари ќе биде исфрлена од натпреварувањето, со што лигата ја продолжуваат 14 екипи. Претходно, екипата на Габер на самиот старт од сезоната се откажа од натпреварувањето.
Локомотива Градско – Питу Гули
Лидерот Локомотива на теренот во Градско ќе ја пречека екипата на Питу Гули од Крушево. Домашната екипа е апсолутен фаворит и според квалитет и според форма, а дополнително домашниот терен го имаат на својата страна во борбата за трите бодови. Локомотива игра фантастична сезона, нижи победи и чекори кон Втора лига – Исток, додека многумина прават „математики“ екипата од Градско нема кој да ја запре. Питу Гули вчера беше „распарчен“ од Ново Црнилиште со 5:1, а веќе во недела ќе има шанса да го поправат тој впечаток и да ги израдуваат своите фанови со позитивен резултат од тешкото гостување кај лидерот на табелата.
Вардар Неготино – Младост Удово
Екипата на Вардар Неготино минатото коло немаше сили за да го „преплива“ Дојранско Езеро, но уште поголема среќа е што и целосно не се „удави“ па дома да се вратеше и без тој бод. Во недела третолигашот од Неготино ќе ги одмери силите со Младост од Удово, кој вчера си ќари три службени бодови, па комплетно одморен доаѓа на „Цвај Арена“ по изненадување. Се освен победа за домашната екипа ќе биде голем неуспех, а со тоа шансите да застане на врвот и да се врати во Втората лига – Исток ќе бидат значително намали, ако не и изгубени.
Младост 1930 – Ново Црнилиште
Во Кривогаштани силите ќе ги одмерат Младост 1930 и Ново Црнилиште, во натпревар каде гостинот ќе биде голем фаворит. Мотивот за атак на трите бодови и изнедување кај домашната екипа доаѓа после одиграно реми со Братство 07 на домашен терен. Ново Црнилиште игра одлична сезона, екипата има голем квалитет, па сигурно ќе биде голем фаворит за трите бодови, со кои ќе продолжи да го напаѓа првото место.
Братство 07 – Динамо
Екипата на Братство 07 на домашен терен ќе го Динамо. Братство минатото коло во Кривогаштани не успеа да ја пробие дефанзивната на домаќинот и одигра само 0:0 со Младост 1930, па веќе во недела ќе има ново шанса да продолжи со победничката серија. Динамо минатото коло на домашен терен со 1:0 беше подобар од Големо Коњари, па мотивот кај гостите ќе биде голем во обид за изенадување.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Големо Коњари – Превалец
Големо Коњари на домашен терен ќе има тешка задача против фаворитот Превалец. Домашната екипа води тешка борба за сигурен опстанок во Третата лига – Југ, па се освен пораз за нив ќе биде позитивен исход. Превалец има голем квалитет, но и според формата ќе важи за голем фаворит за трите бодови, со кои ќе продолжи да го напаѓа лидерското место.
Обршани – Дојранско Езеро
Обршани е во катастрофална форма во пролетниот дел, па во недела иако игра на домашен терен, ќе има тежок натпревар со одличната екипа на Дојранско Езеро. Гостинот од Дојран има голем квалитет, тоа го покажува особено против големите фаворити кои атакуваат за влез во Втората лига – Исток, па во недела би требало да гледаме израмнет натпревар, но би можело да очекуваме повторно доминација на Дојранско Езеро.
Илиден БС – Напредок Крушеани
Овој натпревар нема да биде одигран, затоа што екипата на Илиден БС по два неодиграни натпревари ќе биде исфрлена од натпреварувањето.
Сите натпревари ќе стартуваат во 16:00 часот, дел од натпреварите со преноси овозможени од самите клубови ќе бидат пренесувани во ЖИВО на Спортска Мрежа. Доколку клубот од било кои причини не го овозможи преносот, Спортска Мрежа нема да може да го пренесува натпреварот.