ОстанатоФудбалФутсал

Лидерот Кеги Моби на дуел со Форца, Конзули домаќин на СЕЕ Университи, градско дерби во Штип

Денес ќе биде отворено 8. коло од Втората футсал лига на Македонија кое ќе се комплетира дури во понеделник.

Вечерва со почеток од 19:00 часот во Велес лидерот Кеги Моби на домашен терен го очекува дуел против екипата на Форца. После неочекуваниот пораз на велешани во претходното коло во Штип, Кеги Моби ќе се обиде веќе вечерва да се врати на победничките патеки.

Утре ќе се одиграат две средби. Со почеток од 17:00 часот во Пробиштип ќе се соочат Црешево Топче и Велешта, еден час подоцна во Штип ќе се одигра градското дерби меѓу Астибо и Мал Ајакс.

Во недела ќе бидат одиграни уште две средби. Во 14:00 часот СФК Проект на домашен терен ќе брка прва радост против фаворитот Овче Поле од Свети Николе, а пак во вечерен термин од 20:00 часот во Кавадарци ќе се соочат фаворитот Клими и аутсајдерот Кардшлк од Штип.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот меѓу Конзули и СЕЕ Университи кој се игра во Битола со почеток од 19:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!