ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Лидерот Фортуна на дерби со Њу Јорк, Риниа домаќин на Раштак

Утре се играат натпреварите од 17. коло од Третата лига – Север.

Њу Јорк – Фортуна

Лидерот Фортуна го очекува неизвесен и тежок натпревар со екипата на Њу Јорк во Бутел. Се освен пораз за домашната екипа ќе биде позитивен исход, додека Фортуна ќе мора дома да си замина со победа и три бодови со цел да остане на лидерското место, бидејќи Беса Влазрими со само еден бод негатива чека на „кикс“ на Фортуна и враќање на првото место.

Беса Влазрими – Волково

Второпласираната Беса Влазрими на домашниот терен во Слупчане ја чека екипата на Волково. Апсолутен фаворит за победа ќе биде домашната екипа, која има голема квалитет и игра во фантастична форма, а мотивот за голема голема кај Беса Влазрими е голем, бидејќи ќе чека „кикс“ на лидерот Фортуна, а со тоа и враќање на првото место. Волково е „потонат“ на претпоследното место, а на утрешното гостување шансите за изненадување се минимални, а со тоа и шансите на ова екипа за опстанок во третолигашкото друштво се исто така минимални.

ССК Нова – Илинден

Екипата на ССК Нова на домашен терен ќе се соочи со Илинден. Дерби од дното за три бодови. Домашната екипа после големата победа над Студена Вода е максимално мотивирана за атак на трите бодови. Од друга страна Илинден после убедливиот триумф од 6:0 над „фенерџијата“ Речица има желба за продолжува на победничката серија.

Студена Вода – Петровец

На теренот во Доброшане ќе се судрат Студена Вода и Петровец. Домаќинот минатото коло неочекувано загуби на гостувањето кај ССК Нова, па веќе утре ќе има шанса за поправање на тој лош впечаток и враќање на победите. Петровец е максимално мотивиран после минималната, но голема победа над Башкими. Со евентуална осма сезонска победа, Петровец ќе значително ќе ги зголеми шансите за прогрес кон третото место.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТ ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Башкими – Аеродром

Башкими утре ќе се соочи со екипата на Аеродром. Според формата би требало да очекуваме еден израмнет и неизвесен натпревар. Двете екипи минатото коло загубија, па утре гледаат нова шанса за враќање на победите.

Риниа – Раштак

Екипата на Риниа ќе биде домаќин на Раштак. Двете екипи се една под друга на табелата, а бодовната разлика меѓу нив е три бода, па евентуална победа на Раштак може да значи и прогрес на табелата од две места. Риниа ќе биде благ фаворит, па доколку ја оправда фаворитската улога, тогаш домашната екипа ќе има сериозни шанси за висок пласман на табелата.

Маџари Солидарност – Речица

Маџари Солидарност на „Борис Трајковски“ го чека „фенерџијата“ Речица. Сосема очекуван фаворит е домашната екипа, која би требало лесно да ја запише деветтата сезонска победа, додека последнопласираната Речица е пред нов 13-ти сезонски пораз.

Сите натпревари ќе започнат во 16:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!