ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Лидерот Фортуна домаќин на Риниа, Петровец на ССК Нова

Денес се игра вонредното 18. коло од Третата лига – Север.

Петровец на домашен терен ќе се соочи со екипата на ССК Нова, во натпревар каде домаќинот ќе биде фаворит, а гостинот после победата во минатото коло ќе се обиде да ја продолжи победичката серија. Аеродром на домашен терен ќе има тежок дуел со Студена Вода која се врати на победите и ќе атакува на повисок пласман на табелата, односно трето место.

Раштак ќе биде домаќин на одличниот Башкими кој после големата победа над Аеродром доаѓа силно мотивиран по трите бодови. Лидерот Фортуна на домашен терен ќе биде апсолутен фаворит против Риниа за трите бодови со кои ќе продолжи да чекори кон Втора лига.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Њу Старс ќе игра дерби со екипата на Њу Јорк, според формата изразит фаворит нема, но домаќинот ќе има блага предност бидејќи има на сопствен терен. „Фенерџијата“ Речица на домашен терен ќе игра против второпласираната Беса Влазрими кој ќе биде апсолутен фаворит на натпреварот. Илинден ќе го пречека Маџари Солидарност, кој според формата е фаворит, но домашната екипа ќе се обиде да направи изненадување, па се освен пораз за нив ќе биде позитивен исход од натпреварот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!