Лидерот Беса Влазрими гостува кај Аеродром, Студена Вода домаќин на Риниа

Викендот се играат натпреварите од 13. коло од Третата лига – Север. Утре ќе бидат одиграни пет натпревари.
Башкими на домашен терен ќе се соочи со екипата на Илинден, неизвесен дуел за три бодови. Домаќинот можеби ќе биде благ фаворит поради домашниот терен, додека Илинден после големата победа над Њу Старс во минатото коло има силен мотив за изненадување и утре, а со тоа да напредува од неколку места на табелата.
Студена Вода на домашен терен ќе се соочи со екипата на Риниа. Домаќинот ќе биде под притисок за победа и три бодови доколку сака сериозно да го задржи чекорот со лидерот, додека пак гостинот ќе се обиде да изненади и да го однесе целиот плен, а тоа ќе значи и прогрес на табелата.
ССК Нова на домашен терен ќе има тешка задача со одличниот Њу Јорк. Домаќинот ќе мора да изнајде начин како да дојде до победа над Њу Јорк, а со тоа и да излезе од опасната зона, додека од друга страна Њу Јорк со победа би можел да дојде и до третото место на табелата и да го напаѓа врвот.
Њу Старс на домашен терен ќе има лесна задача со „фенерџијата“ Волково, па сигурно е дека трите бодови остануваат кај домаќинот.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Колото ќе биде комплетирано во недела со одигрување на останатите два натпревари.
Раштак на домашен терен во дуел со Маџари Солидарност. Домаќинот ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да дојде до петта сезонска победа, а трите бодови можат да го однесат на седмото место на табелата, додека пак гостинот атакува на осма сезонска радост и три бодови, а со тоа можност да се искачи на третото место и да атакува за врвот.
Петровец добива службени три бодови, бидејќи екипата на Локомотива Бентоекспорт е дисквалификувана од натпреварувањето.
Сите натпревари ќе стартуваат во 15:00 часот.