ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Лидерот Беса со триумф над Зајази, Речица минимално го совлада Напредок

Денес со двата воведни натпревари беше отворено 15. коло од Третата лига – Запад, а истото ќе биде комплетирано утре со останатите три.

Беса 2:1 Зајази

Лидерот Беса на домашен терен со 2:1 славеше над Зајази и останува осамена на врвот од табелата. Домашната екипа со гол на Издризи Мемет во 12. минута од натпреварот дојде прва до водство од 1:0. Беадини Аид во 33. минута ја дуплираше предноста на 2:0. Дини Рамазан во 65. минута ги постави конечните 2:1.

Напредок 0:1 Речица

Екипата на Речица на Градскиот стадион во Кичево со минимални 0:1 славеше над Напредок. Единствениот гол на натпреварот падна во 40. минута од натпреварот откако судијата Ибраими покажа на белата точка за гостинот, а Саити Дурим успешно реализираше.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Трабзонспорт утре на домашен терен ќе ја пречека Аресими, Нераште ќе биде домаќин на Врапчиште, а „фенерџијата“ Пролетер ќе ја пречека екипата на Камјани.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!