Лидерот Беса против „фенерџијата“ Пролетер, Аресими домаќин на Камјани

Викендот се игра 9. коло од Третата лига – Запад. Колото ќе биде отворено во сабота.
Лидерот Беса на домашен терен ќе се соочи со „фенерџијата“ Пролетер. Домаќините на овој меч ќе бидат апсолутни фаворити за нова победа, во однос на гостите кој се „заковани“ на дното од табелата без бодови.
Зајази на домашен терен ја чека амбициозната екипа на Врапчиште. Формата ги фаворизира гостите, но домаќините ќе се обидат да го искористат домашниот терен за да дојдат до евентуалната трета сезона победа.
Во недела Трабзонспорт ќе го пречека Напредок. Двете екипи имаат лошо отварање на новата сезона. Домаќините имаат една победа, едно реми и дури пет порази, со вкупно 4 освоени бодови се наоѓаат на деветото место на табелата, додека кичевски Напредок ако е за утеха има нешто подобар скор, една победа, три ремија и три порази, со вкупно шест бодови се наоѓа на осмото место на табелата. Победа за гостите ќе биде важна бидејќи ќе имаат можност да напредуваат за две места на табелата.
Љуботен на домашен терен ќе има тешка задача со расположената Речица. Домаќините играа очајна сезона и со само три бодови се наоѓаат на претпоследното место, додека гостите кој се на третото место ќе атакуваат на победа со цел да останат во игра за првото место.
Аресими ќе одигра дерби со Камјани на домашен терен. Домаќинот со 18 бодови е на второто место на табелата и за нив победата и три бодови се многу важни за да останат во чекор со лидерот Беса, додека гостите после убедливата победа над Љуботен ќе бидат силно мотивирани за петта сезонска победа.
Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот.