ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Лидерот Арсими преку пресврт и без два играчи го доби и Напредок, Речица го доби дербито со Велазерими

Лидерот Арсими преку пресврт (1:2) го доби и Напредок во Кичево во рамки на 16. коло од Третата фудбалска лига – Запад. Непоразениот лидер Арсими е апсолутен лидер во третолигашкото друштво на Западот и сосема сигурно ќе игра во баражот за Втора лига.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Денес на Градскиот стадион во Кичево екипата на Напредок прва дојде до водство со голот на Никола Аврамовиќ постигнат од пенал во 18. минута од мечот. Гостите во 32. минута од мечот Бљертон Халими заработи втор жолт картон поради недозволен старт и беше исклучен од игра со што гостите останаа со играч помалку.

На стартот од вториот дел Бледар Селими погоди за 1:1, а веќе во 61. минута резервистот Хузри Џемаили погоди за 1:2 и водство на Арсими. Пред крајот на мечот Енис Абдураими заработи втор жол картон поради неспортско однесување и беше исклучен од игра, па до крајот од мечот Арсими на теренот беше со два играчи помалку, но тоа не влијаеше на конечните резултат (1:2).

Речица со 2:0 го доби дербито со Велазерими 77 и се проби на второто место на табелата со 30 освоени бодови. Триумфот беше обезбеден во првиот дел откако Ариф Ибиши и Бесарт Бафтири стрелаа за конечни 2:0.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Трабзонспорт и Пролетер го поделија „пленот“ играјќи 3:3. За домашната екипа Аган Ислами, Фатих Хусеини и Исак Фејзулаи ги постигнаа погодоците, а пак за гостите двоен стрелец беше Дарко Јованоски, а третиот гол беше дело на Мартин Манасијевски.

Пролетер на полувреме имаше водство од 0:3, а пак во вториот дел прими три погодоци за конечни 3:3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!