ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Лидерот Арсими домаќин на Пролетер, Велазерими против Камјани

Викендот се играат натпреварите од 9. коло на Третата фудбалска лига – Запад. Колото ќе биде отворено во сабота во Кичево. Напредок на домашен терен ќе ги одмери силите со Речица. Кичевскиот третолигаш ќе има тежок испит против расположената Речица која игра во одлична форма и го дели второто место на табелата. Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.

Останатите натпревари ќе се одиграат в недела со што ќе се комплетира колото.

Со почеток од 13:00 часот Нераште на домашен терен ќе го пречека последнопласираниот Трабзонспорт, а пак лидерот Арсими на домашен терен ќе ги одмери силите со Пролетер, во меч каде домашните ќе важат за апсолутни фаворити. Зајази ќе биде домаќин на Врапчиште кој ќе брка три гостински бодови со цел брзо враќање на врвот од табелата.

30 минута подоцна ќе бидат одиграни уште два натпревари. Велазерими на домашен терен ќе важи за фаворит против Камјани и како фаворит ќе атакува на шестти сезонски триумф. Во ист термин ланскиот второлигаш Дрита на домашен терен ќе го пречека Љуботен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!