Европски ФудбалФудбал

Леванте чека добра понуда за продажба на Енис Барди!

Шпанските медиуми шпекулираат дека Леванте сака да го продаде македонскиот репрезентативец Енис Барди. Шпанскиот прволигаш има финансиски проблеми, а се надева дека со продажбата на Барди ќе ги реши истите.

Интерес за нашиот репрезентативец има од страна на неколку еврипски клубови, но до овој момент според тамошните медиуми нема испратено ниту една официјална понуда за играчот за врска.

Откупната клаузула за Барди е 50 милиони евра, а клубот се надева да заработи повеќе од 15 милиони евра. Актуелниот договор на Барди истакунва на 30 јуни 2022 година.

25-годишниот Барди минатата сезона во Ла Лига запиша 26 натпревари, постигна еден гол и имаше две асиснтеции. На шпанско тло, Барди игра веќе четири сезони.

Останува да видиме дали во следниот период ќе пристигне понуда на адреса на македонскиот репрезентативец и дали од следната сезона ќе ја промени средината.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!