Европски ФудбалФудбал

Левандовски сака да си замине од Баерн!

Како што дознава „Скај Спортс“, напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски сака да го напушти клубот во потрага по нов предизвик, но Баварците бараат повеќе од 100 милиони фунти (повеќе од 117 милиони евра) за него.

Полјакот, кој во саботата наполни 33 години, наводно е задоволен и среќен во Баерн, но пред да наполни 35 години, би сакал да се испроба во друг врвен европски клуб.

Договорот на Левандовски истекува во 2023 година и, според Скај Спортс, тој наводно е фрустриран што Баерн не сака да го продаде, но тешко дека ќе направат нешто што би ги расипало односите со клубот во кој тој се наоѓа од 2014 година.

Левандовски веќе постигна три гола на два натпревари оваа сезона, и тој е познат во фудбалскиот свет по својата посветеност – Пеп Гвардиола еднаш рече дека е „најпрофесионалниот фудбалер што некогаш го сретнал“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!