Левандовски разговарал со агентот: Полјакот сака да оди во Реал Мадрид

Шпанскиот весник „АС“ вечерва носи изненадувачки вести – напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски побарал од агентот да договори трансфер во Реал Мадрид следното лето.
Полскиот бомбардер разговарал со менаџерот Пини Захави, кој му рекол дека и покрај сите понуди, приоритет следното лето ќе биде преселбата во Реал Мадрид.
„АС“ истакнува дека покрај Левандовски, следното лето на пазарот ќе биде и Ерлинг Халанд, за кој се заинтересирани многу клубови. А од следното лето може да биде Баерн, ако остане без Левандовски.
Полјакот во Баерн пристигна во 2014 година од Борусија Дортмунд. Стана легенда на Баварците, еден од најдобрите играчи на германскиот гигант на сите времиња.
Со екипата освои се што може да се освои во изминатите седум години.
Во гласањето за Златната топка, Левандовски пред два дена заврши втор, позади Лионел Меси.