Европски ФудбалФудбал

Лестер не запира со засилувања: Поранешниот играч на Челси доаѓа на „Кинг Пауер“

Лестер не запира со засилувања ова лето, а по Патсон Дака и Бубакари Сомар, наскоро ќе пристигне уште едно засилување на „Кинг Пауер“.

Имено, трансферот на Рајан Бертранд, поранешен играч на Челси, кој последните шест сезони ги мина во Саутемптон, ќе биде комплетиран во наредните денови.

Дојде време да се збогуваме со „светците“ со кои истече неговиот договор и тој сега ќе им се придружи на „лисиците“ бесплатно како слободен агент.

Бертранд веќе има 31 година, а во својата кариера ги освои Лигата на шампионите, ФА купот и Европската лига (сите со Челси).

Тој ќе потпише тригодишен договор со Лестер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!