Европски ФудбалФудбал

Лекарот потврди: Кристијан Ериксен не може да игра во Серија А со дефибрилатор

Франческо Браконаро, член на медицинскиот одбор на Фудбалскиот сојуз на Италија, потврди дека Кристијан Ериксен не може да игра во оваа земја со дефибрилатор.

Да потсетиме, играчот за врска на Интер се сруши на првиот натпревар од Европското првенство, а потоа беше реанимиран, по што беше опериран во болницата и беше инсталиран дефибрилатор во случај на понатамошни неправилности во срцето.

„Ериксен не може да игра во Серија А. Ако се отстрани дефибрилатор од играчот, тогаш тој може да игра за Интер“, рече Браконаро.

Доколку данскиот играч за врска сака да ја продолжи кариерата, ќе мора да ги напушти редовите на „нероаѕурите“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!