Европски ФудбалФудбал

Легендата на Милан и Јувентус е еден од главните кандидати за клупата на Бенфика

Кавгата со играчите, но меѓу другото, поразот во домашниот Куп од Порто (0:3) го плати поранешниот тренер на Бенфика, Хорхе Жесус, заминувајќи од клубот од Лисабон.

Искусниот 67-годишен стратег по вторпат во својата тренерска кариера ја напушти Бенфика, оставајќи го клубот на третото место (четири бода помалку од Порто и Спортинг), но и во осминафиналето од Лигата на шампионите (два меча против Ајакс ), пренесува „Фена“.

Руи Коста, претседателот на Бенфика и некогаш легендарен португалски репрезентативец, привремено го назначи Нелсон Верисим, досегашен асистент, кој ќе има жешка премиера на таа позиција, а тоа е лигашкото гостување кај Порто вечерва.

Но, во исто време Бенфика бара подолгорочно решение, а според некои португалски и италијански медиуми, еден од главните кандидати, барем во моментов, е 42-годишниот Андреа Пирло, до неодамна одличен Италијански репрезентативец.

Пирло се збогуваше од фудбалот во 2017 година, а како тренер работеше само во Јувентус.

Според истите медиуми, контактот меѓу Руи Коста и Пирло веќе постои, а двајцата поранешни фудбалери играле заедно во Милано каде ја освоиле и Лигата на шампионите. Инаку, Пирло речиси целата своја играчка и тренерска кариера ја помина во Италија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!