Легендарниот Ширер предупредува: Ако остане вака, никој нема да сака да дојде во Њукасл

Легендарниот напаѓач на Њукасл Јунајтед, Алан Ширер смета дека следните два натпревари во Премиер лигата ќе бидат клучни за неговиот поранешен клуб во борбата за опстанок.
Њукасл е на дното на табелата и се уште без победа во Премиер лигата, а на овој култен клуб му се заканува испаѓање. За ова најмногу се зборува, а единствен спас за „Страчките“ се можните засилувања во зима откако клубот го презедоа богатите Саудијци.
Но, клупската легенда Алан Ширер верува дека повеќето квалитетни играчи не би се согласиле да потпишат договор на средината на сезоната со тим на кој му се заканува испаѓање.
“Се зависи од следните два натпревари. Веројатно шест бода не би биле доволни за да излеземе од опасната зона, но ќе ја фатиме приклучок за опстанок. Во спротивно, тоа може да има многу влијание на можните засилувања во јануари”, изјави Ширер додавајќи:
„Ниту еден добар фудбалер нема да биде подготвен да се пресели во тим на кој му се заканува испаѓање. Њукасл итно ќе треба да биде на позиција во јануари за барем да се надева дека ќе преживее“, напиша Ширер во колумна на „Би-Би-Си“.
Њукасл е на дното на табелата со само шест бода, а синоќа одигра 1:1 против Норич, додека за викендот силите ќе ги одмери со Барнли кој е директен ривал во борбата за опстанок, па тоа ќе претстаува директна дерби пресметка.