Европски ФудбалФудбал

Легендарниот Карлос Тевез ја заврши својата кариера

Легендарниот аргентински напаѓач Карлос Тевез на 37-годишна возраст објави крај на кариерата. Тевез рече дека неговата кариера е завршена, но сепак ја остави можноста некогаш да се врати. Сепак, како што рече, тоа нема да биде во дресот на Бока Јуниорс, кој е неговиот последен клуб.

„Денес можам да кажам дека се повлекувам, но можеби за три месеци ќе се разбудам и ќе сакам да играм повторно. Сепак, никогаш повеќе во Бока Јуниорс“, изјави Карлос Тевез.

„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот, но чувствувам дека донесов правилна одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам просечен тука. Ако не можам да дадам 100 проценти од себе, подобро е да се повлечам“, додаде Карлос.

Тевез ја започна својата кариера во Бока, а потоа играше во Бразил за Коринтијанс, од каде пристигна во Вест Хем во 2006 година, а на Островот играше и за Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Играше и за Јувентус и Шангај Шенхуа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!