ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Леард Садриу од Шкендија се сели во Мура од Словенија

Тетовска Шкендија денес потврди дека младиот Леард Садриу прави трансфер во елитното друштво на Словенија каде ќе настапува за екипата на Мура.
21-годишниот дефанзивец во Шкендија пристигна во јануари 2018 година, кога имаше 16 години. Во сезоната 2021-2022 тој како позајмен играч настапуваше за екипата на Скендерберг од Албанија.
Како што и претходно најавивме, Шкендија денес ќе го претстави Ќатип Османи како старо-нов тренер.