Лазаров: Го добивме Пехчево и заслужено сме на врвот, против Кожуф одиме на нови три бода!

Слога 1934 Виница продолжува со позитивната серија резултати, а киксот на Победа против Кожуф е мотив плус кај второлигашот од Виница кој сега е на врвот со четири бодови предност.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Слога 1934 на домашен терен забележа минимален, но многу важен триумф, а во изјава за Спортска Мрежа, заменик капитенот на екипата, Огнен Лазаров вели дека заслужено ги освоиле трите бодови со Пехчево, додека пак за дуелот против Кожуф во следното коло вели дека ќе атакуваат на трите бодови со цел да ја продолжат победничката низа и задржување на врвот.
„Очекувано тежок натпревар против Пехчево, но заслужено ги освоивме трите бода и покрај многуте повреди и суспензии го добивме натпреварот и со играч помалку и покажавме дека заслужуваме да сме на првото место на табелата. Во Гевгелија не очекува тежок натпревар против мотивираната домашна екипа, се надеваме ќе биде празник на фудбалот и ќе победи подобриот, атакуваме на трите бодови и со тоа да ја продолжиме победничката низа и задржување на врвот“, ни изјави Лазаров.
Победата за Слога 1934 добива на тежина бидејќи натпреварот го одиграа со играч помалку од 40. минута. Судиската тројка на чело со Кирил Смоквоски беше на вистината на задачата.