ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Лазаревски е нов голман на Скопје: Автокоманда заслужува клуб што ќе се натпреварува во ПМФЛ!

Второлигашот Скопје на голманската позиција се засили со Филип Лазаревски од Работнички. 23-годишниот голман и „романтичарите“ спогодбено се разделија, па есенскиот првак од Втората лига – Запад веднаш го ангажираше младиот голман.

Лазаревски имаше неколку понуди од домашните клубови, а тој се одлучи кариерата да ја продолжи во Скопје.

Претходно, Лазаревски има настапувано за Металург, Беласица, Еуромилк ГЛ, Борец, Кораб, Лабуништа, Шкупи и последно Работнички.

Во изјава за Спортска Мрежа, Лазаревски вели дека Скопје чекори кон сериозни цели за пласман во елитата.

„Скопје чекори кон сериозни цели за пласман во елитата, имаме одличен тим за да го оправдаме досегашното место и во пролетната полусезона. Ќе се потрдуиме со максимален број на бодови и победи да се пласираме и сите заедно да славиме влез во елитата затоа што овој тим и ова населба како што е Автокоманда заслужуваат клуб што ќе се натпреварува во Првата лига. Исто така, Скопје има одлични навивачи тоа се „пиратите“, со голема почит за тоа што го прават за клубот. Сега како нов член на клубот заедно со Аљбан ќе се бориме за прво место на голманската позиција“, ни изјави Лазаревски.

Скопје е лидер на табелата во Втората лига – Запад со 37 освоени бодови, седум повеќе од Велешта и Гостивар кои ја делат втората позиција.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!