ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Лавовите“ убедливи против Пелистер, голем бод за Ренова на гостувањето кај Академија Пандев

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров стигнаа до убедлива победа на домашен терен откако со 3:0 славеа над Пелистер. Важна победа за „лавовите“ кој имаат за цел да го сочуваат третото место и на тој начин да излезат во Европа. Бразилецот Фернандо уште во 3. минута донесе водство за домашните. Неизвесноста траеше се до 82. минута кога Боби Божиновски ја погоди мрежата на Талески за 2:0. Во судиското надополнување беше досуден пенал за „лавовите“, а Фернандо успешно реализираше за конечните 3:0.

Ренова стигна до важен бод на гостувањето во Струмица каде одигра 1:1 со Академија Пандев. Струмичани први дојдоа до водство со гол на Даниел Миловановиќ во 24. минута од натпреварот. На старотот од вториот дел Ренова дојде до 1:1 со гол на „џокерот“ Ремзифаик Селмани. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и на двете страни.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!