ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Лавовите“ со црвен картон ја запреа победничката низа на Струга, Работнички го освои Штип

Македонија Ѓорче Петров со играч помалку успеа да ја запре победничката низа на Струга Трим Љум, откако во рамки на деветтата рунда од домашниот шампионат двете екипи во Ѓорче ремизираа играјќи 1:1.

Струга прва стигна до водство со голот на Буњамин Шабани во 62. минута од мечот, по што Матеус доби црвен картон и беше исклучен од игра.

Во 83. минута Ермедин Адем не реализираше од белата точка, откако со рака во сопствениот шеснаесетник играше Едис Малиќи, а по три минути игра Филип Алексовски донесе израмнување и со тоа ги постави конечните 1:1.

Работнички со 1:3 славеше над Брегалница во Штип, откако „романтичарите“ направија тренерска смена.

Гостинскиот тим прв го отвори резултатот со голот на капитенот Крсте Велкоски постигнат од пенал во 26. минута. Во вториот дел Милан Џокиќ го израмни резултатот на 1:1. Не требаше многу време за Работнички рпеку Анес Рушевиќ да дојде до ново водство од 1:2. Во финишот од мечот Велкоски со втор гол ги постави конечните 1:3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!