ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Лавовите“ подобри од „пандевци“, Тиквеш се лизна во Битола, Борец до три бода, реми во Тетово

Денес беше комплетирано 30. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дербито за Европа кое се одигра во Ѓорче го доби Македонија Ѓорче Петров со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Ермедин Адем со гол постигнат од пенал.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Ренова и Струга го поделија „пленот“ играјќи 1:1 на Градскиот стадион во Тетово. „Гипсарите“ први дојдоа до триумф со гол на Џелил Абудал во 51. минута, а пак гостите преку Немања Босанчиќ во 64. минута ги поставија конечните 1:1.

Пелистер откина два бода од Тиквеш играјќи 1:1 на домашниот терен во Битола. Гостите од Кавадарци преку Ристе Каракамишев уште во 6. минута дојдоа до брзо водство од 0:1, а битолчани преку Христијан Драгарски дојдоа до конечни 1:1 во 29. минута.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Борец со минимални 1:0 го совлада Скопје на домашен терен со голот на Енсар Љума постигнат во 70. минута од мечот.

Вчера, Брегалница со 4:1 го декласираше новиот шампион Шкупи, а пак Шкендија го доби Работнички со минимални 1:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!