ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Лавовите“ ја збришаа Победа со ЧЕТИРИ погодоци

Македонија Ѓорче Петров со убедлива победа од 4:1 над прилепска Победа го отвори 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Сефер Емини беше двоен стрелец уште во првиот дел од мечот, а погодок во првите 45. минута постигна и Кристијан Стојкоски, додека пак Атдхе Мазари стрелаше за Победа со што резултатот во првиот дел беше 3:1 за „лавовите“.

Во вториот дел од мечот во 80. минута Мена Перез Јхон Еди стрелаше за конечни 4:1.

По овој трет последователен пораз се чини дефинитивно станува јасно дека со скромниот играчки состав на „црвено-белите“ од Прилеп им претстои тешка сезона во која опстанокот ќе биде приоритетна цел.

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите натпревари. Силекс ќе биде домаќин на Скопје, Академија Пандев игра дерби против Шкендија во Струмица, Струга Трим Љум ќе се соочи со Работнички, Тиквеш игра дерби со Брегалница од Штип.

Екипата на Шкупи во ова коло е слободна.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!