ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Лавовите“ ја добија Брегалница и чекорат кон Европа

Уште едно бледо издание на фудбалерите на штипска Брегалница кој денес беа поразени со 2:1 од Македонија Ѓорче Петров и никако да забележат пролетно славје во Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ ја продолжија фантастична форма и ја нанижаа петтата последователна победа со што прават голем исчекор кога е во прашање обезбедување место за излез во Европа. Македонија ЃП се одмазди за убедливиот пораз во Штип каде „сините“ беа подобри со убедливи 4:1 во нивното прво соочување во есенската полусезона.

По неколку шанси кои не беа реализирани од страна на гостите од Штип, во 36. минута киксираше Ацковски како последен играч пред голот на Денковски, а тоа го искористи Попзлатанов и погоди за 1:0. Во 41. минута, по десната страна се лизна Азиновиќ, Попзлатанов експресно продре нафрли пред голот на Брегалница каде на вториот дирек Костоски од непосредна близина погоди за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Брегалница успеа брзо да постигне погодок, откако во 53. минута Додев нафрли од корнер, а Ѓокиќ беше највисок во скокот со глава за намалување на предноста на 2:1.

До крајот на натпреварот и двете екипи имаа неколку големи шанси за погодок, меѓутоа мрежите мируваат, а трите бодови останаа во Ѓорче.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!