ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Љавдрим Скендери се раздели со Тетекс, кариерата ја продолжува во нов клуб

Крилниот играч Љавдрим Скендери во пролетната полусезона нема да биде дел од второлигашот Тетекс, бидејќи договорот на 26-годишниот играч истече и тој не сака да остане во тетовскиот клуб.

Спортска Мрежа стапи во контакт со Скендери кој потврди дека не сака да продолжи во второлигашот Тетекс и дека ќе бара нов клуб. Скендери има добиено неколку понуди од македонските клубови, а доправа ќе одлучи која ќе биде најдобра за да ја прифати.

Искусниот фудбалер во својата кариера има настапувано за прволигашот Ренова, Феризај од Косово, Гостивар и последно Тетекс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!