Европски ФудбалФудбал

Лапорта: Не можам да кажам дека Меси ќе остане

Во тек се преговори дали фантастичниот Аргентинец ќе остане во Барселона и по 21 година.

Лионел Меси е слободен агент од вторникот, што значи дека може да ја напушти Барселона, каде ја помина целата своја кариера, 21 година. Каде ќе ја продолжи кариерата ? Прашањето што мора да се постави по минатогодишната борба – ќе замине – нема да замин од Барселона, но и да потпише нов договор со клубот во кој ја помина целата своја кариера.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта има добри односи со фантастичниот Аргентинец, но сега не може да гарантира дека ќе остане.

„Ние сакаме тој да остане, а и Лео сака да остане. Би сакал да можам да го најавам неговиот престој, но во моментов не можам да го сторам тоа. Правиме сè за да обезбедиме Лео да продолжи да биде наш играч што е можно поскоро„ – изјави Лапорта за шпанските медиуми.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!