Европски ФудбалФудбал

Ла Лига потврди: Од новата сезона, навивачите се враќаат на стадионите!

Од следната сезона, навивачите ќе се вратат на трибините во Шпанија. До крајот на календарската година, 30% од гледачите од вкупниот капацитет на стадионот ќе можат да бидат на трибините.

Во зависност од ситуацијата диктирана од коронавирусот, бројот на гледачи на стадионите ќе се зголеми постепено. Ова исто така важи и за салите, каде што капацитетот ќе биде 20% од публиката од вкупниот капацитет на салата, а при купување билет, навивачите мора да имаат доказ за вакцинација против коронавирус или ПЦР-тест не постар од 48 часа.

“По целата ситуација што го снајде човештвото, ова е мал, но значаен чекор кон стабилизација. Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Сигурно е дека одреден број гледачи на трибините ќе дадат поинаква слика и атмосфера на натпреварите кои започнуваат во август “, велат од раководството на Ла Лига.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!