Европски ФудбалФудбал

Кутињо се врати во Англија, на чекор од англиски гигант

Според англиските и шпанските медиуми, Кутињо не е во плановите на новиот тренер на Барса Чави, а се поизвесно е дека овој јануари ќе го напушти таборот на „Камп Ноу“.

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо (29) е на чекор до враќање во Премиер лигата. Тој е на чекор до премин во редовите на Арсенал.

Кутињо играше за Ливерпул од 2013 до 2018 година, а потоа се пресели во Барселона за 120 милиони евра. Сепак, тој не успеа да се наметне во редовите на каталонскиот клуб, па неговата пазарна вредност падна.

Тој помина една сезона на позајмица во Баерн, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор.

Во текот на кариерата играше и за Интер, Васко де Гама и Еспањол.

Арсенал под водство на Микел Артета е четврти на табелата во Премиер лигата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!