ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Купи влезница и добиј оригинален дрес од Тиквеш

Кавадаречкиот прволигаш Тиквеш ја информираше јавноста дека сите оние кои ќе купат влезница за утрешното дерби против Брегалница може да добијат оригинален дрес од Тиквеш.

„Влезниците за натпреварот од 18. коло од ПМФЛ кој ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци на ден 11.12.2021 со почеток од 13:00 часот ќе бидат во ограничен број. Исто ве информираме да ги чувате истите при влез на стадинот бидејќи со истите учествувате во извлекување за еден од петте оригинални дресови на ГФК ТИКВЕШ. Влезниците со сериски броеви кои се добитници на оригинален дрес ќе бидат објавени на нашата Facebook страница по завршување на натпреварот. Добитниците на дресовите истите ќе можат да ги подигнат исклучиво со приложување на влезницата со соодветниот добитен серискиот број на влезницата“, стои во соопштението на кавадаречкиот прволигаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!