Куп на МакедонијаФудбал

КУП: Ставрев ќе им суди на Струга и Македонија ЃП, Стојчевски на Пелистер и Силекс

Денес се играат полуфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија. Прволигашки дерби дуел покрај езерото меѓу Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров, во Битола дерби меѓу Пелистер и Силекс.

  • Делегирани судии 1/2 финале Куп на Македонија:

Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров, Александар Ставрев (Скопје)
Пелистер – Силекс, Игор Стојчевски (Скопје)

Во Струга правдата ќе ја дели Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, исто така од Скопје. За четврт судија е делегиран Александар Грујоски од Кичево.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

На центарот во Битола ќе застане Игор Стојчевски од Скопје, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски од Гостивар и Даниел Василевски од Скопје. За четврт судија на мечот е делегиран Марјан Младеновски од Скопје.

Двата натпревари ќе стартуваат во 16:00 часот.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!