Куп: Прволигашите сигурни, убедлива победа за „пандевци“, третолигашот Фортуна го декласираше Борец

Денес беа одиграни натпреварите од првата рунда од фудбалскиот Куп на Македонија. Прволигашите без проблем обезбедија следна фаза, додека пак третолигашот Фортуна го декласираше второлигашот Борец.
Шкупи сосема очекувано триумфираше против Беласица во Струмица со 1:3 и продолжува во следната фаза од Купот. Алварез беше двоен стрелец за актуелниот шампион на Македонија во ПМФЛ, а стрелаше и Адетуњи. За струмичката гордост погоди Александар Коцев.
Пелистер го доби Гостивар со 0:1 на гостински терен и обезбеди следна фаза од Купот. Денешниот триумф на битолчани е „одмазда“ за поразот од 4. коло од ВМФЛ кога Пелистер беше поразен од Гостивар, а притоа беше оштетен од страна на судиите. Стрелец на единствениот гол беше Никола Наумоски постигнат во 88. минута од мечот.
Академија Пандев го декласираше Тетекс со убедливи 0:6 во меч кој се одигра на СЦ „Пандев“, а „пандевци“ само формално беа „гости“. Хет-трик запиша Димитар Трајков, а по еден гол постигнаа Кире Стојанов, Костадин Капсаров и повратникот Виктор Ангелов.
Брегалница со убедливи 0:3 ја декласираше Слога среде Виница и продолжува со натпреварувањето во Купот. Штипските „сини“ до триумфот стигнаа со погодоците на Иван Иколов, Милан Џокиќ и Фајсел Касми.
Рутина и за Вардар, кој во Македонска Каменица со 0:3 ја збриша Каменица Саса. Симеон Христов го отвори резултатот во 11. минута за водство од 0:1 на полувреме за најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Во вториот дел Дарио Десниќ и Владимир Жоглев ги поставија конечните 0:3.
Тиквеш го доби Кожуф среде Гевгелија со двата погодици на Нгоба постигнати во првиот дел за конечните 0:2.
Третолигашот Вардар Неготино одлично парираше на непоразениот лидер во ПМФЛ Струга Трим Љум, иако загуби со минимални 1:2. Гостите преку Абдулхади Јахја дојдоа во водство од 0:1 во 27. минута. На стартот од второто полувреме Даниел Буровски израмни на 1:1 за голема радост на домашните навивачи во Неготино. Мечот влезе во супер-неизвесна завршница, а отпорот на домашните беше скршен во 77. минута откако Миклован Пере ја погоди противничката мрежа за конечни 1:2.
Карбинци немаше сили за прволигашот Победа и беше декласиран на домашен терен со убедливи 0:6. Двоен стрелец за прилепчани беше Филип Тодороски, а по еден гол постигнаа Марио Наумоски, Христијан Поп Антоски, Виктор Тошески и Давид Дебрешлиоски.
Третолигашот Фортуна го декласираше Борец во меч со осум погодоци (5:3), со што велешани продолжуваа да топат во резултатската криза, откако минатата сезона директно испаднаа од Прва лига.
Фортуна на полувреме имаше водство од убедливи 4:1, а во вториот дел Борец се разбуди, но беше доцна да ја намали разликата и да направи изненадување. Сеад Јакупи беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Јованчо Цаневски, Далип Саити и Јасир Мемедовски. За Борец стрелаа Борче Димовски, Ѓорѓи Попоски и Дамјан Николовски.
Третолигашот БВК Коњаре немаше сили за прволигашот Работнички, кој со убедливи 0:5 забележа убедлива победа за следна фаза од Купот. Анес Рушевиќ беше стрелец на три погодоци, а по еден гол постигнаа Димитар Тодоровски и Марио Станковски.
Без изненадувања и во Струга каде прволигашот Шкендија славеше со 0:3 над второлигашот Караорман. Вагнер Гончалвес Ногуеира Де Соуза го отвори резултатот, а во вториот дел погодија Ваљмир Нафиу и Дамшир Елези за конечни 0:3.
Покрај ланските финалисти Македонија Ѓорче Петров и Силекс, како и Скопје, Љуботен и Воска Спорт кои без играње обезбедија следна фаза, во истата се приклучуваат и Шкендија, Работнички, Фортуна, Победа, Струга Трим Љум, Тиквеш, Вардар, Брегалница, Академија Пандев, Пелистер и Беласица.