Куп на МакедонијаФудбал

Куп полуфинале: Качевски го суди дуелот меѓу „лавовите“ и „пандевци“, Ѓоргиев на центарот во Струга

Делегирани судиите за двата полуфинални натпревари од Купот на Македонија. Утре ќе се соочат Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев на стадионот во Ѓорче Петров.

Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Качевски Јован од Струга, ќе му помагаат Мацевски Ацо и Бакрачески Разме исто така од Струга.

Претходно, овие две екипи се судрија во саботата во натпревар од 25. коло од Првата лига, каде „пандевци“ со 1:2 токму во Ѓорче славеа над „лавовите“. Инаку, овие две екипи ги одмерија силите во финалето од Купот во 2019 година, кога струмичани победија на пенали. Минатата година поради прекинот на сезоната поради коронавирусот не се играше завршиница од Купот.

Во среда во Струга се игра вториот полуфинален натпревар меѓу Струга Трим Лум и Силекс. Овој натпревар ќе го суди Ѓоргиев Крумислав од Штип, а ќе му помагаат Ѓорѓиев Ристо и Саздовски Зоран исто така од Штип.

Ќе се одигра само еден натпревар без право на кикс, затоа што победникот директно патува во големото финалето кое е закажано за 19. мај.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!