Куп на МакедонијаФудбал

КУП: Фаворитите очекувано до следна фаза, Силекс го доби дуелот со Тиквеш, „пандевци“ со девет погодоци за Љуботен

Фаворитите според планот се пласираа во следната фаза од Купот на Македонија. Најубедлива победа запиша Академија Пандев, која на домашен терен со високи 9:0 сосема очекувано го декласираше третолигашот Љуботен.

Хет-трик постигна Бојан Димоски, двеон стрелец беше Виктор Ангелов, а по еден гол постигнаа Мартин Ѓоргиевски, Ване Крстевски, Томислав Илиев и Костадин Капсаров.

Брегалница преку Пелистер обезбеди следна фаза, откако во Штип со минимални 1:0 славеше над битолскиот второлигаш. Единствен стрелец на мечот беше Ѓорѓи Ѓорѓиев кој погоди во 64. минута од мечот.

Струга Трим Љум преку пресврт го совладаа Работнички (2:1) за нова рунда во Купот. „Романтичарите“ на полувреме имаа водство од 0:1 со голот на Крсте Велковски постигнат од белата точка. Во вториот дел отпорот на гостите од Скопје падна во 75. минута со голот на Христијан Малевски, откако претходно Николче Шаркоски заработи втор жолт картон со што Работнички беше со играч помалку на теренот, а шест минути подоцна Валентин Кочоски постигна гол за конечни 2:1. Во судиското надополнување директен црвен картон заработи и Филип Бошкоски.

Вардар сосема очекувано славеше над третолигашот Фортуна со двата погодоци на Владимир Жоглев и со головите на Симеон Христов и Горјан Цветков за 4:0.

Шкупи беше убедлив со 6:0 против второлигашот Воска Спорт. Адетунџи и Несими беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Алварез и Валид.

Шкендија со „петарда“ (5:0) го исфрли Скопје од Купот. Аденис Шала, Влатко Стојановски, Љупчо Дориев, Решат Рамадани и Флорент Рамадани беа стрелци за тетовци.

Силекс обезбеди следна фаза од Купот откако со минимални 0:1 славеше во Кавадарци на Тиквеш со голот на Марјан Ристовски постигнат во 82. минута од мечот.

Осминафиналната рунда од Купот ќе биде комплетирана на 19. октомври со дуелот меѓу Победа и Македонија ЃП, кој се игра во Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!