Европски ФудбалФудбал

Куман испрати порака до играчите: Имаше само едно да каже!

Холандскиот стручњак Роналд Куман ќе биде тренер на Барселона следната сезона, а во првото обраќање пред медиумите откако беше официјално објавено дека ќе остане тренер на каталонскиот гигант, тој истакна дека е многу среќен што ја добил поддршката од претседателот.

Медиумите во Шпанија со денови пишуваа за иднината на Куман и всушност до последен момент не се знаеше дали ќе остане на клупата на клубот, но Жоан Лапорта конечно реши да го поддржи овој стручњак и да го остави на клупата на клубот барем уште една сезона.

Откако беше официјално објавено дека тој ќе остане тренер на Барселона, Куман се огласи на Твитер и рече дека сега е „конечно смирен“ со порака до играчите да се фокусираат на следната сезона.

“Мило ми е што можам да им кажам на моите играчи и стручниот штаб дека можам целосно да се фокусирам на новата сезона. Изминатите неколку недели беа многу тешки, но мило ми е што претседателот ми даде поддршка и сега сум целосно мирен. Фокусот на сите во клубот е ист: Да направиме победничка Барселона и освојуваме трофеи“, напиша Куман.

Куман минатата сезона седеше на клупата на Барселона на 54 натпревари, а каталонскиот тим под негово водство оствари 34 победи, девет нерешени средби и 11 порази. Минатата сезона Барселона го освои Копа дел Реј, а вo првенството заврши на третото место, додека во Лигата на шампионите каталонскиот гигант доживеа дебакл од ПСЖ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!