Европски ФудбалФудбал

Куман го најави доаѓањето на Депај, Лапорта престојот на Меси во Барса

Доколку се оди како што тврдат во Барселона, тогаш Лео Меси и Мемфис Депај дефинитивно нема да бидат ривали како на горната слика.

За доаѓањето на Депај и останувањето на Месе се зборуваше со денови, а сега тие најави добија нови потврди.

Договорот на холандскиот репрезентативец истече со Лион и тој пристигнува во Барселона како слободен агент. Ова го објави неговиот сонародник и тренер на каталонскиот гигант, Роналд Куман.

„Практично е постигнат договор. Тој сè уште нема потпишано, но договорот е скоро склучен. Го очекувам со раширени раце“, изјави Роналд Куман за холандските медиуми.

Во исто време, старо-новиот претседател Жоан Лапорта го коментираше престојот на Лео Маси.

„Јас сум мирен, работите одат во вистинска насока. Мислам дека Меси ќе продолжи да игра за Барселона. Не е лесно, но работиме на тоа и сакаме да го направиме тоа што е можно побрзо“, изјави Жоан Лапорта.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!