ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кујовиќ: Детонит мора да падне на „Могила“, очекуваме голема поддршка од навивачите!

В сабота се игра директната пресметка меѓу Братство Житоше и Детонит на „Могила“, дуел каде и двете екипи ќе бркаат три бода во борбата за сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

Капитенот на Братство, Белмин Кујовиќ за Спортска Мрежа вели дека Детонит мора да падне на „Могила“ и додава дека очекува голема поддршка од навивачите.

„Братство интензивно се подготвува за овој натпревар кој за нас е многу важен, знаеме дека трите бодови се повеќе од потребни и затоа ќе го дадеме нашиот максимум да забележаме триумф и трите бодови да останат на „Могила“. Ги повикувам сите љуботели на фудбалот да дојдат на „Могила“ и да ни дадат максимална поддршка која ќе ни значи многу и заедно да се радуваме на уште една важна победа“, ни изјави 24-годишникот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!