ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Крстев го собра тимот, Слога Виница ги стартуваше подготовките (ФОТО)

Второлигашот Слога од Виница денес ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. На прозивката присуствуваа сите фудбалери на кои може да планира шефот на стручниот штаб Крсте Крстев.

Клубот од Виница донесе три засилувања, станува збор Дамјан Ивановски кој доаѓа од радовишка Плачковица, Михаило Митров кој доаѓа од прволигашот Борец и Христијан Кукески.

Слога есенскиот дел го заврши на делба на петтото место со 20 бодови, а пролетниот дел го отвара на домашен терен против Кит Го од Пехчево.