Турнири

„Крсте Велјанов 2022“: Напредок Војшанци, Либерта и Клими МК ги искинаа мрежите

Синоќа беа одиграни нови три натпревари од групната фаза од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2022“.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Во првиот меч екипата на Напредок Војшанци со убедливи 2:6 го распадна Лас Вегас, кој немаше сили да парира на одличниот противник, додека пак во вториот меч Либерт со 5:3 беше подобра од Зока Енерџи Солушн. Овој меч понуди дополнителна доза на неизвесност и фудбалска магија за сите гледачи.

Во последниот меч од синоќа Клими МК со убедливи 6:1 го прегази составот на Кире Топе.

Вечерва ќе бидат одиграни нови три натпревари, а првиот ќе стартува во 21:00 часот.

Бучин Грижо сникерс-Победа Пепелиште (21:00 часот)
Бучин Грижо сникерс- Стамков Трејд Гевгелија (21:45 часот)
Бучин Грижо сникерс-Венец Д.Дисан (22:30 часот)

Исто така и вечерва ќе биде оставена и кутија за помош за нашиот 18 годишен сограѓанин Јани Иванов.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов“ – Неготино!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!