Турнири

„Крсте Велјанов 2022“: Клими МК и Вардар Бистренци со големи победи

Синоќа беа одиграни два натпревари од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2022“, кој се игра во Неготино.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Во првиот меч екипата на Клими МК забележа нова висока победа, откако со убедливи 4:1 го декласираше составот на Напредок Војшанци.

Во вториот меч Вардар Бистренци со тесен резултат во возбудлив меч со 4:3 славеше над Младост Корешница.

Денес е слободен ден на турнирот, а пак утре и во понеделник почнуваат 1/4 финалните натпревари.

Среда се игра полуфиналните натпревари, додека пак во четврток следува натпреварот за третото место како и големото финале.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов“ – Неготино!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!