ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Крсте Крстев не е повеќе тренер на Каменица Саса

Искусниот Крсте Крстев не е повеќе тренер на Каменица Саса, откако двете страни не се договорија за понатамошна соработка. Второлигашот од Македонска Каменица сезоната што измина заврши на четвртото место на табелата со 45 освоени бодови. Крстев кормилото на Саса го презеде на почетокот од март месец годинава.

„Со новиот У.О. во Ф.К. Каменица Саса не се договоривме за понатамошна соработка. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, вели Крстев за Спортска Мрежа.

44-годишниот тренер претходно ги водеше радовишка Плачковица, Осогово, Слога 1934 Виница, Вардар Неготино и Хоризонт Турново.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!