Крсте Крстев е нов тренер на Слога Виница

Второлигашот Слога од Виница го назначи Крсте Крстев за нов тренер со кој ќе атакува на сигурен опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
Крстев е повратеник на тренерското столче на Слога, бидејќи и во минатото беше тренер на второлигашот од Виница.
44-годишниот Крстев во својата кариера ги има водено Плачковица, Осогово, Вардар Неготино, Хоризонт Турноов, како и Слога 1934 Виница, каде е повратник.
„Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Слога 1934 Виница за укажаната доверба и можност да повторно работам во клуб со кого испишав историја и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана, не чека многу работа но се надевам ќе ја израдуваме виничката публика со одлични резултати“, рече Крстев.
По девет одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Слога има 6 освоени бодови и се наоѓа на претпоследното место на табелата, односно во зоната за идректно испаѓање во Трета лига – Исток. На овие девет одиграни натпревар, второлигашот од Виница забележа една победа, три ремија и пет порази.
Крстев на тренерското столче ќе го наследи Даниел Стојановски, кој си замина од клубот. Своето деби на клупата на Слога 1934, Крстев ќе го има против Тетекс во Тетово.