ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Крстаноски нов тренер на Македонија Враништа, напаѓачот Маркоски прво засилување, утре старт на подготовките!

Третолигашот Македонија од Враништа утре означува старт на подготовките за пролетната полусезона од Третата лига – Југозапад. Во вториот дел од сезоната, екипата ќе биде предводена од новиот тренер Гоце Крстаноски. Новиот предводник добро ја познава екипата бидејќи претходно беше тренер на кадетската и младинската школа.

Клубот од Враништа денес и официјално го договори првото засилување за пролетните предизвици, станува збор за напаѓачот Митко Маркоски кој доаѓа од Ложани. Во моментот како што дознава Спортска Мрежа, клубот преговара со уште двајца играчи кои ќе треба да го подигнат нивото на клубот.

Веќе се договорени и два контролни натпревари, преку кои Македонија Враништа ќе ја темпира формата. Првата контролка ќе биде против Влазними, додека втората против Ложани.

Екипата есенскиот дел го заврши на единаесеттото место на табелата со 12 освоени бодови, а во пролетната полусезона клубот ќе атакува на повисок пласман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!