Европски ФудбалФудбал

Кризата ја прекина новогодишната традиција во Барселона: Играчите добија тажна вест од клубот

Одамна е познато дека финансиската ситуација во Барселона не е премногу баснословна.

Каталонскиот клуб е во огромна финансиска криза која започна со пандемијата на коронавирус, а челниците на Барселона на секој начин се обидуваат да ја стабилизираат ситуацијата.

На почетокот на годината многу првотимци се согласија на намалување на платата, а главната цел на клубот сега е да продаде некои од најплатените играчи во тимот кои и онака ги отпиша Чави Ернандез.

Но, покрај тоа Барселона најде уште неколку начини како да заштеди, а на „удар“ повторно ќе бидат првотимците на каталонскиот клуб.

Шпанските медиуми објавија дека првотимците на Барселона годинава нема да го добијат божиќниот подарок што беше традиција во овој клуб, а челниците им порачаа дека едноставно не можат да трошат пари на такви работи.

Фудбалерите на Барселона отсекогаш во претходните години за Божиќ добивале нов мобилен телефон Ајфон или скапи часовници, но оваа година традицијата ќе биде прекината.

Јасно е дека Барселона на секој начин се труди да заштеди, а играчите не се жалат дека годинава ќе им бидат одземени новогодишните подароци бидејќи се свесни дека на овој начин донекаде ќе му помогнат на клубот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!