„Кривогаштани 2022“: Крушево со минимален триумф, Фарма Бо-То убедлива против Центар

Синоќа беа одиграни нови два натпревари од турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2022“, каде екипата на Фарма Бо-То приреди голеада за сите присутни навивачи.
ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ – КОНТАКТ: 074/241-247
Екипата на Крушево со минимални 0:1 беше подобра од Лоши Момци, а стрелец на единствениот гол беше Унџа Бојаџиески.
Во вториот меч Центар буквално беше прегазен од Фарма Бо-То, која беше далеку подобар противник со убедливи 1:7.
За Центар единствен стрелец беше Рубин Шефтероски, додека пак за Фарма Бо-То пет погодоци постигна Дарко Чапкуноски, а по еден гол постигнаа Александар Ѓорѓиев и Николче Папучкоски.
- Распоред за вторник (16. август):
20:00 часот: Големо Коњари – Рсторан Деспина
20:40 часот: Трновци – Фарма Бо-То
21:20 часот: Бишат – Добрушево
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на Турнирот во мал фудбал „Кривогаштани 2022“!